(ВИДЕО) Црвенковски: Отпор против власта за враќање на Уставниот поредок и демократијата

Од:

Од денеска почнува нов отпор против власта, најави на прес конференција, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Ќе организираат и поддржуваат секаков отпор, граѓанска непослушност, блокади и протести. Отпорот почнува вечерва од 18 до 18 и 30 кога ќе бидат блокирани сите главни крстосници во Република Македонија. Во Скопје ќе биде блокирана крстосницата пред Рекорд од 18 до 18 и 30.

Во сабота ќе се одржи протест во 12 часот пред главносто седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Крајна цел, рече Црвенковски е враќање на Уставниот поредок и демократијата, а затоа овој тоталитарен режим мора да замине.

„Вчера се случи убиство со умисла на демократијата. Враќање нема. Насилно се тепаа оние кои го претставуваат гласот на народот, кои го бранеа последниот бастион на демократијата.

– Како секоја диктатура сосила беа отстранети и новинарите. Вчера власта хушкаше народ против народ и создаде зла крв. Вчера се случи пуч од страна на власта“.

– Опозицијата нема да учествува на какви и да се избори додека не се создадат услови за фер и демократски избори, а оваа власт тоа не може да го овозможи“, рече Црвенковски.

„Седум години Груевски сонува за мојот крај и колку повеќе сонува, толку повеќе му се шири кошмарот за неговиот крај“, додаде лидерот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ