ВИДЕО: Илјадници тиркизни лагуни среде бела пустина

Од:

Сезоната на дождови во бразилскиот Национален парк Ленсојс Маранјенисис е мошне тешка.

Од јануари до јуни секоја година има многу силни бури, но пустината потоа се претвора во вистински рај.

Од јули до септември секоја година откако дождовите ќе се смират, во Ленсојс Маранјенисис (на португалски „чаршавите на Марањаоа“) може да се најдат илјадници тиркизни лагуни и бели песочни „плажи“.

Иако оваа област која зазема повеќе од 1.000 квадратни километри мошне потсетува на пустина поради обилните врнежи од дожд кои ги има во сезоната на дождови не се класифицира така.

Некои „базени“ со вода долги се и до 300 метри, а водата понекогаш достигнува и 30 степени Целзиусови, па туристите тука обожуваат да се капат.

По септември базените исчезнуваат и зад себе оставаат пустош – се до следната година.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска