Превртена пита со кајсии

Од:

И декоративна и вкусна …

Потребно е:
250 гр лиснато тесто
10-тина кајсии (да не бидат меки)
80 гр шеќер
80 гр путер
цимет, слатка павлака – по желба

Подготовка:
– Развлечете го лиснатото тесто на работна маса со дебелина околу 1/2 см. Ставете го над тавата во која ќе ја печете питата и исечете круг малку поголем од дното на тавата.

– Во сад на рингла растопете го путерот, додадете шеќер и оставете да се карамелизира околу 10-тина минути додека да добие кафена боја, но со постојано мешање.

– Карамелот сипете го во тавата и одозгора наредете ги поовинките кајсии во круг. Одозгора ставете го тестото, а краевите убаво изработете ги.. На неколку места збоцкајте го тестото со нож.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени додека да добие златна боја.

– Извадете ја питата од рерна, почекајте неколку минути и покријте ја чинија поголема од тавата. Рацете заштитете ги со ракавици и брзо, но многу внимателно превртете ја питата на чинијата. Внимавајте да не ви протече карамелот.

– Почекајте малку да се излади, исечете ја на парчиња и послужете ја топла со топка сладолед или слатка павлака.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска