Чорба од грашок

Од:

Вкусна и колоритна …

Потребно е:
450 гр смрзнат грашок
1 помала главица кромид
1 коцка за супа
750 мл вода
1 полно лажиче песто од босилек
сол и бибер, по вкус
2 лажици кисела павлака

Подготовка:
– Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го на малку маслиново масло.

– Додадете го грашокот, измешајте, полијте со 1 чаша вода и варете 10-тина минути додека да омекне.

– Варениот грашок со малку од течноста ставете ги во блендер и направете каша. Вратете ја во садот на рингла, сипете уште 750 мл вода, додадете ја коцката супа, пестото и варете на средна температура додека да почне да врие. Посипете со сол и бибер по вкус.

– Во чинија ставете 2 лажици кисела павлака и одозгора сипете малку од врелата чорба. Промешајте со вилушка и вратете ја смесата во останатата чорба. Измешајте.

– Служете ја топла, по желба посипана со сецкан свеж босилек и бибер.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска