Поголема соработка на Македонија и Албанија за повеќе странски инвестиции

Од:

Новиот модел за привлекување странски инвестиции и олеснителните околности за водење бизнис, ќе ги презентира министерот за странски инвестиции Рамиз Мерко за време на неговата прва официјална посета на Албанија.

Од денеска до 4 август министерот Мерко во Тирана ќе оствари средби со претседателот на Албанија Илир Мета, со градоначалникот Ерион Велиај, со претставници на стопанските комори и индустрии, како и со неколку најуспешни албански бизнисмени.

Во делагцијата што ја предводи Мерко се заменик-директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Асип Усеини и директорот на Меѓународната канцеларија „ФМ Консалтинг” Фатос Мустафа.

Како што соопшти Мустафа, една од пораките на средбите ќе биде да се искористат можностите за промовирање и привлекување странски директни инвестиции, како и да се креира подобра деловна клима во рамки на создавањето регионална економска зона.

– Ова е значајна посета која ќе се одвива во рамки на создавањето заедничка регионална економска зона, финансиски подржана од Самитот во Трст кој се одржа во јули годинава и ќе послужи како можност за албанската Влада и бизнис заедницата да се запознаат со новиот модел за водење бизнис на Македонија, како и со олеснителните политики за заштита кои ги спроведува Владата во насока на подобрување на бизнис климата, информира Мустафа.

Предвидени се средби со претседателот на Стопанската комора за трговија и индустрија на Тирана Николин Јака, со претседателот на Агробизнис советот на Албанија Агим Рапај, со претседателот на Агна груп Васил Начи, претседателот на Маре Адриатик Марк Бабани, со директорот на Делоите за Албанија и Косово Максим Цасли, претседателот на Аиба Компани Агрон Дука, со претседателот на Грин Фарм Фердинант Бани,…

Презентирани ќе бидат, додаде Мустафа, субвенциите за компаниите кои инвестираат во технолошко-индустриските развојни зони и надвор од нив.

– Владата на Македонија во овие области нуди голем број олеснителни околности кои вклучуваат фискални ослободувања за период од 10 години. Отворањето вакви зони во Албанија, може да користи како успешен модел за привлекување странски директни инвестици и за создавање подобри услови за зголемување на конкурентноста на бизнисот. Ние сме две соседни земји и треба заеднички да ги бараме можностите за меѓусебна соработка, да бидеме комплементарни едни со други, бидејќи ова е единствениот начин да се интегрираме во поголемите пазари, истакна Мустафа.

За меѓународната канцеларија „ФМ Цонсултинг” претстојните бизнис средби во Тирана меѓу двете влади и бизниси, се најдобар пример за тоа како Македонија и Албанија треба уште повеќе да ги зајакнат своите позиции и да обезбедат поголема конкурентност и поповолна клима во претприемништвото во сите области од заеднички интерес, како што се индустријата, туризмот,…

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски