Речиси 500 метри долгиот пешачки мост е отворен во саботата во близина на швајцарскиот град Цермат и е претставен како најдолг пешачки мост на светот.
Висечкиот мост, наречен Мост Европа, е долг 494 метри, а е поставен на висина од 85 метри над кањонот Грабенгуфер, јави Би-Би-Си.
Туристичката организација на Цермат официјално соопшти дека станува збор за најдолгиот таков мост во светот.
Во австрискиот град Ројте постои пешачки мост од 405 метри, кои се наоѓа на височина од 110 метри.
Новиот мост во Цермат го замени досегашниот, кој беше оштетен од карпите кои паѓале врз него. Неговите челични сајли се тешки осум тони, а опремен е со систем, кој го штити од нишање.
Мостот Европа е претставен како составен дел од дводневната пешачка рута меѓу Цермат и Грахен во јужна Швајцарија, со поглед на планинскиот врв Матерхорн.