ВМРО-ДПМНЕ: Алаѓозовски формираше совет за лечење фрустрации и варваризам

Од:

„Во Македонија наместо да дојде живот, на власт дојдоа неспособни неработници. Наместо развој на културата, во Македонија завладеа варваризмот, реваншизмот, партизацијата и сталинистичките методи на владеење. Наместо прогрес, гледаме уназадување и рушење.

Роберт Алаѓозовски не формираше совет за култура, туку совет за лечење фрустрации и варваризам. На членовите на овој совет не им беше доволно рушењето и сквернавењето споменици во платеничката револуција на СДС и Сорос, туку сега планираат покрај јадењето живи луѓе да ги изедат и спомениците на македонските херои и победи.

Владе Милчин од Сорос, Ѓунер Исмаил, Мирослав Грчев и уште плеада други војници на СДС и Сорос седнаа во фотелјите во министерството за култура каде наместо да водат грижа за културното наследство, водат грижа за сопствениот бес и политиката на сеење омраза и поделби во општеството.

Овие луѓе кои плукаа по спомениците во платеничката револуција на СДС и Сорос, Алаѓозовски ги постави во советот за лечење фрустрации и варваризам за да го советуваат како да ги уништува спомен одбележјата на македонската историја.

Овие луѓе кои за историските херои зборуваат со понижување, хероите кои гинеле за Македонија ги нарекуваат „булумента“, плукаат по Никола Карев и Илинденците, и најавуваат дека ќе ги минираат, рушат, топат и уништуваат спомениците, сега истите тие луѓе ќе му ги даваат овие совети на сталинистот Алаѓозовски.

За овие луѓе како Владе Милчин, Ѓунер Исмаил и Мирослав Грчев, оддавањето почесто кон историски важните личности во создавањето на македонската држава било навреда за нивната интелигенција.

На ваквиот совет за лечење фрустрации на СДС и Сорос му препорачуваме да биде многу внимателен како ќе постапува. Мнозинството граѓани во оваа држава не го поддржуваат понижувачкиот однос кој СДС и Сорос го имаат кон македонската историја. Секој непромислен чекор на Алаѓозовски и советот против македонската историја и македонските херои, може да повлече соодветни последици.

За целокупната негрижа, неодговорност и неспособност на СДС набргу ќе следи политичка одговорност“, изјави Милош Милошевски.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Катерина Ѓуровски