Торта со афион, чоколадо и малини

Од:

Чоколадо и малини, ќе станат ваша омилена комбинација …

Потребно е:
5 јајца
90 гр кристал шеќер
30 гр шеќер во прав
200 гр мелен афион
100 гр печени и мелени лешници
125 гр путер, на собна температура
изрендана кора од лимон

џем од малини
100 гр црно чоколадо
околу 80 мл слатка павлака

Подготовка:
– Дното на калапот за печење со дијаметар од 18 см обложете го со хартија за печење. Страните премачкајте ги со путер. Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени.

– Измешајте ги мелениот афион и лешникот.

– Во еден сад изматете ги белките во густ шлаг со постепено додавање на шеќерот во прав.

– Во друг сад изматете го путерот со шеќерот во прав и додадете ги со постојано матење јајцата и тоа едно по едно. Во оваа маса додадете ги афионот, лешниците и изренданата кора од лимон и убаво измешајте. Додадете и две лажици од изматените белки и полека измешајте. Сега додадете го и останатиот шлаг и повторно полека измешајте.

– Смесата префрлете ја во подготвениот калап и ставете да се пече во загреаната рерна 35-40 минути. Проверете со чепкалка за заби дали е печено. Оставете убаво да се излади.

– Кога ќе се излади кората поделете ја на два дела. Долната кора премачкајте ја со џемот од малини и одозгора ставете ја втората кора. Ставете ја тортата во фрижидер додека ја подготвувате чоколадната глазура.

– Чоколадото искршете го на мали парчиња и ставете ги во подлабок сад. Загрејте ја слатката павлака во сад на рингла, но внимавајте да не почне да врие. Чоколадото прелијте го со топлата павлака и мешајте додека да се растопи.

– Почекајте глазурата малку да се излади и прелијте ја тортата со неа. Украсете ја по желба. Ставете ја во фрижидер преку ноќ.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска