Искористете ги печените пиперки на малку поинаков начин …
Потребно е:
2 пилешки стека
3 поголеми печени пиперки
50 гр рукола
100 гр фета сирење
1 мала главица кромид
сол и бибер, по вкус
оригано
маслиново масло
Подготовка:
– Месото покријте го со пластична фолија и полека истенчете го со чук за месо. Послолете ги, посипете со бибер и оригано. Испржете ги на грил тава. Оставете ги 10-тина минути, а потоа исечете ги на ленти.
– Кромидот исечете го на листови, а пиперката исецкајте ја на ленти. Руколата измијте ја убаво и исцедете ја.
– Во еден сад измешајте го зеленчукот и додадете го изладеното месо. Салатата полијте ја со маслиново масло и посипете и издробено фета сирење. Пробајте ја и по потреба посолете. Посипете со оригано.