Зголемен бројот на операции на Одделението за хирургија во Куманово

Од:

Лекарите од Одделението за хирургија во Куманово месечно прават околу 120 операции, а во овој период од годината најчесто интеревенираат кај пациенти кои повредите ги добиле во сообраќајни несреќи.

– Поради поголема раздвиженост на локални патишта и на автопатот, скоро нема ден без сообраќајки, по неколку. Нема ден без повредени по земјоделски површини каде што жителите работат со трактори со комбајни, интеревенираме при падови од дрвја. Во моментов можеби од 70 до 80 проценти од вкупниот ангажман се проблеми од повреди, а не од болести, изјави доктор Методија Димковски, началник на Одделението за хирургија во Куманово.

Тој објаснува дека двојно е зголемен бројот на операциите што се прават на Одделението, споредено со 2012 година. Во минатото на Одделението се оперирале приближно 600 пациенти, а сега тој број годишно изнесува 1200. Зголемениот број на операциите се должи на опременоста на Одделението со апарати кои нудат квалитетна здравствена заштита на пациентите, не само од Куманово, туку и од соседните општини од севроисточниот регион. На Одделението доаѓаат и лекари од скопските хируршки клиники кои прават операции на вени, колк, лапароскопски операции.

– Ако цел на една јавна здравствена установа е да го доближи и олесни давањето услуги на своите осигуреници, тогаш мислам дека ја постигнавме целта. Претходните неколку години набавени се бројни апарати, со кои им се дава соодтвена здравствена заштита на пациентите, додаде Димковски.

Последниве години оформена е и екипа која самостојно работи лапароскопски операции, а за дел од операциите доаѓаат и хирурзи од скопските клиники. Воедно, скратено е и времето на постоперативниот третман.

Одделението за хирургија е добро екипирано со 14 специјалисти, петмина лекари се на специјализација, има доволен број сестри и помошен персонал но, според Димковски, во наредниот период треба да се посвети внимание за надополување на кадарот, бидејќи за неколку години во пензија ќе заминат дел од најискусните лекари и сестри.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување