Иванов ќе ги прими членовите на младинската ракометна репрезентација на Македонија

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими членовите на младинската ракометна репрезентација на Република Македонија, по повод освоеното 6 место на Светското првенство за ракометари до 21 година.

На ракометното првенство коешто се одржа во Алжир, македонската младинска репрезентација беше во групата Ц заедно со репрезентациите на Шпанија, Тунис, Русија, Бразил и Буркина Фасо.

Нашите млади ракометари одиграа и четвртфинален натпревар против Франција, кој го загубија, и потоа играа за пласман од петтото до осмото место на шампионатот. Прв противник беше Русија која ја совладавме по втор пат, а во натпреварот за петто место бевме поразени од Унгарија. Освоеното шестото место во светот е досега најдобар пласман што го остварила било која македонска репрезентација на светските првенства.

Селектор на младинската ракометна репрезентација на Македонија е Илија Темелковски, а капитен на тимот е Филип Талески, играч на германскиот тим Рајн Некар Левен.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски