Фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола

Од:

Фестивалот „Илинденски денови“ во своето долгогодишно континуирано постоење се дефинира како светски реномирана сцена каде што се реставрираат и презентираат народните ора, песни, обичаи, инструменти и носии.

Ова го истакна пратеникот Васко Ковачевски, кој во име на покровителот, Собранието на Република Македонија, синоќа во Битола го прогласи за отворен Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Фестивалот, посочи тој, стана своевиден мост кој ги поврзува многувековната традиција со денешницата, огледало на мултикултурната разновидност, а со својата интернационализација и универзални вредности стана место за поврзување на вљубениците во народната култура во целиот свет.

– Фестивалот „Илинденски денови“ е местото каде што се негува и продолжува традицијата, место каде што се дружат народните уметници, место каде што почнуваат нови пријателства, место од каде што секоја година преку музика и игра се испраќа порака за културен натпревар, мир и соработка, нагласи Ковачевски.

Годинава на фестивалот учествуваат над 1.000 членови на културно уметнички друштва, фолклорни групи и ансамбли од државата и странство кои на четирите фестивалски вечери ќе ја претстават својата традиционална музика и игра.

– Програмскиот концепт кој што ви го нудиме оваа година е еден прекрасен мозаик на сценски презентации на традиционални вредности, проекти од едукативната, изложбената и издавачката дејност, стручни советувања, дискусии, но и дружења, соработка и вистинско уживање во орото, песната и играта, посочи Зоран Димовски, в.д. директор на НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на фестивалот во овој град.

Фестивалот продолжува вечер, а ќе заврши на 1 август со интернационална програмска вечер во античкиот театар на Хераклеја Линкестис.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска