Жителите на поголемите градови во Туркменистан денеска не смееја да ги управуваат своите автомобили, откако властите на оваа централноазиска држава воведоа еднодневна забрана за движење на моторни возила, со цел да го промовираат возењето велосипеди и здравиот начин на живот.
Согласно одлуката, жителите на главниот град Ашхабад и на регионалните центри денеска не смееја да ги возат своите возила од 7 до 19 часот по локално време.
Наместо тоа, беше организрано масовно возење велосипеди во кое учествуваа и поголем број високи владини претставници.
Поради ваквата забрана улиците во Ашхабад денеска беа празни и по нив се движеа само амбулатни возила и автомобили на државната такси служба.