Мразот на Гренланд добива нова боја, научниците се загрижени

Од:

Појавата на сè поголем број темни алги на ледената плоча на Гренланд може да доведе до нејзино побрзо топење, предупредуваат научниците.

Повисоките температури доведоа до појава на алги на површината на ледената плоча на Гренланд. За разлика од мразот, темните алги ги апсорбираат сончевите зраци и го забрзуваат процесот на топење.

Научниците кои почнаа нов петгодишен истражувачки проект за да го истражат овој тренд признаа дека се многу загрижени.

Доколку мразот на Гренланд, кој зазема површина од 1,7 милиони километри квадратни, во целост се стопи, нивото на морето би се подигнало за седум метри.

Професорот Мартин Трантер од Универзитетот во Бристол, кој го води споменатиот проект, за Би-би-си рекол дека луѓето се многу загрижени поради постоење на можност мразот во иднина да се топи сè побрзо и побрзо.

Дека растителниот свет сè повеќе расте е забележано и на Антарктикот како резултат на глобалното затоплување.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска