Ароматично и вкусно …
Потребно е:
фета сирење
маслиново масло
суви зачини: мајчина душичка, босилек, магдонос. оригано, рузмарин…
малку бибер
по желба: маслинки, сува пиперка
Подготовка:
– Исечете го фета сирењето на коцки.
– Сипете ги зачините во чинија и измешајте.
– Коцките фета сирење увалкајте ги во зачините од сите страни и наредете ги во тегла.
– Помеѓу коцките сирење ставете по некоја маслинка или луто пиперче или листови свежо нане или босилек. Продолжете со редењето додека да ја наполните теглата.
– На крај сипете маслиново масло до самиот врв на теглата. Убаво затворете ја теглата и оставете ја на ладно место најмалку 7 денови.