Лесен десерт со крем од лимон

Од:

Одлично слатко освежување кога сакате да подготвите нешто набрзина …

Потребно е:
1 помало пакување пишкоти
250 гр маскарпоне сирење
3 полни лажици шеќер во прав
ликер од лимон или млеко

за кремот од лимон:
3 јајца
150 гр шеќер
80 мл сок од лимон
60 гр путер, на собна температура
1 лажица рендана кора од лимон

Подготовка:
– Прво подгответе го кремот од лимон. Ставете еден подлабок сад со малку вода на рингла и над него ставете помал сад. Во помалиот сад изматете ги јајцата со шеќерот, сокот и кората од лимон. Варете ги на пареа со постојано мешање додека да се згусне, околу 8-10 минути. Додадете го путерот исечен на коцки и убаво измешајте. Садот во кој се наоѓа кремот покријте го со пластична фолија за да не се фати кора и оставете да се излади.

– Во маскарпоне сирењето додадете 3 полни лажици шеќер во прав и убаво измешајте.

– Во стаклени чаши или некои други садови наредете ги по желба пишкотите, маскарпоне сирењето и кремот од лимон. Пишкотите испрскајте ги со ликер или млеко за да омекнат.

– Чашите покријте ги со пластична фолија и ставете ги во фрижидер на неколку часа за да омекнат пишкотите и кремот убаво да се излади.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска