ВМРО-ДПМНЕ: Министерот за здравство да понесе одговорност

Од:

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека министерот за здравство Арбен Таравари во вчерашното видео обраќање признал дека кога не бил министер успешно биле третирани лица заболени од хеморагична треска, а сега, како што наведуваат од таа партија, поради негова лична негрижа и неспособност, и неспособноста и неодговорноста на Владата има две човечки жртви.

– Министерот за здравство наместо да упатува видео пораки преку океанот, треба веднаш да го прекине престојот во скапиот хотел и да дојде за да понесе одговорност за тоа што не биле обезбедени реагенси за констатирање на дијагноза, за тоа што случајот сакале да го забошотат, што немало правилен третман на болните и што не се интересираат за здравствената состојба на илјадници граѓани од Симница и целиот гостиварски регион, рече на прес-конференција Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа посочи дека поради несоодветната реакција на надлежните органи, стравуваат дека бројот на лица заболени од овој вирус може да е многу кратно поголем од официјално хоспитализираните.

– Хаосот кој го создаде Таравари може да ги загрози животите на уште многу лица доколку не се преземат соодветни мерки. Жалиме што мораме да констатираме, но двете жртви се директна последица на потценувачкиот однос на Таравари и тој за тоа треба да понесе одговорност. Оставка, тоа е негова морална, но и политичка обврска, додаде Стојаноска.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните