Семејството Саздови донираше питос во Музејот „Теракота“ во Виница

Од:

По повод одбележување на Светскиот ден на археологијата, Музејот „Теракота“ од Виница денеска на подарок доби археолошки примерок – питос кој датира од железно време пред нашата ера.

Археолошкиот примерок е подарок од Цвета Саздова и нејзиниот сопруг Ѓорѓи Саздов од Виница. Питосот бил купен од страна на Ѓорѓи во почетокот на 80-тите години на 20 век од непознати лица. Примерокот на овој археолошки предмет бил пронајден при ископ за изградба на пат на локација позната како „Бановски ниви“.

– Денес оваа локација се наоѓа до дворот на Основното училиште „Славчо Стојменски“ во Виница. Во дворот на училиштето познато како локалитет „Ила“ во 70-тите години на 20 век била откопана и бронзена фибула од типот на еднојазолни лачни фибули со плочеста нога, изјави Јулијана Иванова, директор на Музејот „Теракота“ од Виница.

Подоцна во 80-тите години на минатиот век, како што истакна Иванова, на овој археолошки локалитет се истражени неколку гробови-цисти од 6 век пред нашата ера.

Музејот на Виница му се заблагодарува на семејството Саздови од Виница истакнувајки дека ваквиот позитивен пример треба да го следат и другите граѓани бидејќи археолошките наоди своето најголемо значење за пренесување на податоци за нашето минато го имаат само кога се на соодветен начин заштитени, научно обработени и презентирани од соодветни стручни лица и институција.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска