Пакистанскиот премиер Шариф поднесе оставка

Од:

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф денеска поднесе оставка, само неколку часови откако Врховниот суд на Пакистан донесе одлука за негова суспензија од понатамошното извршување на функцијата.

Суспензијата на премиерот уследи по истрагата на државното обвинителство за корупција и за имототот и богатсвото на неговото семејство.

Истрагата беше отворена откако ои објавувањето на „Панамските документи“ беше обелоденето дека неговите деца имале тајни врски со една оф-шор компанија и дека преку неа купувале имоти во Велика Британија.

Од почетокот на истрагата, Шариф ги отфрла сите обвинувања, тврдејќи дека таа е „политички мотивирана“, како и дека тој нема никаква врска или полза од имотот на британската територија.

Во кусото соопштение на Владата, издадено набрзо по одлуката за негова суспензија донесена од петмината судии на Врховниот суд, се вели дека „премиерот Шариф поднел оставка на функцијата“.

Медиумите во Исламабад тврдат дека пред да се повлече, досегашниот премиер се советувал со министерот за внатрешни работи Чудари Нисар Али Кан, кој побарал од него да ја прифати олуката на Судот.

Покрај суспендирањето на досегашниот премиер, Врховниот суд нареди и прдолжување на истрагата за корупција и покренување на антикорупциски постапки за Наваз Шариф, за неговата ќерка Марјам, за нејзниот сопруг, за министерот за финансии, како и за уште десетина други лица.

Шариф по трет пат ја извршиваше функцијата пакистански премиер. Првпат за премиер беше избран во ноември 1990 година, кога на функцијата остана до јули 1993. Потоа се врати на чело на Владата во февруари 1997, од каде бепе сменет со воениот удар во октомври 1999, што го изведе Первез Мушараф. Третиот мандат на Шариф како премиер започна во јуни 2013 година и тој требаше да трае до јуни следната година.

Ниту еден цивилен пакистански политичар во 70-годишната историја на земјата, не успеал да остане цел мандат на премиерската функција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица