Бесими задоволен од сработеното на воените аташеа

Од:

Република Македонија има одлична реализација во однос на одбранбената дипломатија, а во однос на придонесот во меѓународниот мир, го држи високо епитетот и кредибилитет како земја која е посветена на глобалниот мир и на реформите.Но, може да се направи повеќе во однос на реализација на оперативните активности.

Вака министерот за одбрана Фатмир Бесими ја оцени работата на воените аташеа на Република Македонија во странство, кои денеска ќе му реферираат за сработеното во изминатата година на министерот Бесими и началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески. Аташеата ќе имаат и средба со претседателот и врховниот командант на вооружените сили на Република Македонија Ѓорге Иванов, на која информираат за тоа што е сработено, за предизвиците со кои се соочуваат и да дадат предлог-решенија. Според Бесими, има потреба и од поголема координација со цел поуспешно да се презентираат нашите цели во наредниот период.

Општата констатација, истакна началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Котески, е дека воената дипломатија во 2012 година беше успешба, со одредени дополнувања кои треба да се случат во 2013 година.

– Очекувам дека воените претставници и резидентни и нерезиденти во 2013 година ќе бидат повеќе оперативни и ќе се борат за нашите ставови и цели. Очекувам дека и МО, надлежните сектори, ќе доставуваат сеопфатни инструкции за работа на воените претставници се со цел да се достигнат нашите стратегиски цели, изјави началникот на ГШ на АРМ.

На средбите аташеата ќе се запознаат со приоритетите за 2013 година и нивните натамошни задачи, а ќе бидат   информирани и за еден од клучните документи – Стратегијата за одбранбена дипломатија, донесена по јавната дебата, координација и консултација со Кабинетот на претседателот на Република Македонија и ГШ на АРМ.

Стратегијата е начин за унапредување и зајакнување на капацитетите на одбранбената дипломатија, а главни новини кои ги носи Стратегијата се во делот на регрутирањето, селекцијата, изборот и подоготовката на персоналот за одбранбена дипломатија од базенот на над 200 лица, а ќе се разгледа можноста и за формирање Школа за одбранбена дипломатија.

Во таа насока, Бесими информира дека од оваа година ротацијата на воените аташеа, исто како и за останатите дипломати, ќе се врши во текот на летниот период односно од јуни и тоа на транспарентен процес, кога ќе може да конкурираат поголем број офицери кои ги исполнуваат условите за одбранбени аташеа.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната