Водата во реката Бабуна кај Велес и во езерото „Младост“ е исправна и може да се користи за капење, според најновите анализи на Центарот за јавно здравје од Велес.
Како што информира д-р Снежана Петрова, специјалист по хигиена, и реката Бабуна и езерото „Младост“ се во втора категорија.
– Како и изминатите лета и ова, водите во нив се во втора класа поради извесни хемиски отстапувања на водата, односно процес на сатурација. Според нашите анализи тие материи не се штетни за здравјето на капачите и посетителите, без ризик по здравјето, може да се капат и во реката Бабуна и во езерото „Младост“, рече Петрова.
Таа истакна дека и во градскиот базен „Снупи“ водата е исправна и може да се користи за капење.