Нешто брзо, вкусно и хранливо …
Потребно е:
450 гр бамји
1/2 конзерва пасирани домати
1 главица кромид
3 чешниња лук
семки коријандер (по вкус)
сол и бибер, по вкус
сок од 1 лимон
маслиново масло
свеж лист од целер
Подготовка:
– Кромидот и лукот ситно исецкајте ги.
– На неколку лажици маслиново масло пропржете ги кромидот и лукот.
– Додадете ги бамјите и динстајте ги на средна температура 5-7 минути.
– Кога ќе омекнат бамјите додадете го пирето од домати, зачинете со сол и бибер, додадете ги семките коријандер по вкус, сокот од лимон и додадете вода за да ги покрие бамјите.
– Варете околу 30 минути на средна температура. Не го мешајте јадењето за да не се распаднат бамјите, само затресете го садот во кој се варат бамјите.
– Јадењето е готово кога ќе омекнат бамјите, но внимавајте да не ги преварите.
– Пред да го послужите посипете го со ситно сецкани листови целер. Исечете и кришки лимон.