Здрава и вкусна ладна салата …
Потребно е:
100 гр киноа
1 помало авокадо
околу 150 гр чери домати
1 рака млад спанаќ
3 лажици семки од сончоглед
3 лажици маслиново масло
сок од 1 лимон
1/2 лажиче мед
сол и бибер, по вкус
Подготовка:
– Киноата измијте ја под млаз ладна вода, ставете ја да се вари во тенџере на рингла прелиена со 1 чаша вода. Оставете да почне да врие на највисока температура, а потоа смалете ја температурата и сотавете да се вари 15-тина минути. Префрлете ја во цедалка и оставете да се исцеди.
– За тоа време направете го преливот за салатата од маслиново масло, сок од лимон и мед. Додадете сол и бибер по вкус и убаво измешајте.
– Семките сончоглед кратко испржете ги во тава на рингла.
– Чери доматите исечете ги на половинки или четвртинки.
– Авокадото исечете го на кришки или на коцкички.
– Во чинија ставете ја киноата, чери доматите, авокадото и листовите спанаќ, прелијте ги со преливот и измешајте. Посипете со семки од сончоглед и послужете.