Рецепт за еден супер вкусен десерт …
Потребно е:
за филот од јаболки:
3 средно големи јаболки
50 гр путер
50 гр кафеав шеќер
1 стапче цимет
сок од лимон, за прскање на јаболките
за карамелизираните ореви:
50 гр шеќер
50 гр ореви
за бисквитната кора:
125 гр мелени плазма бисквити
за филот:
250 мл слатка павлака
200 гр крем сирење
1 лажица шеќер во прав
20 гр бело чоколадо
Подготовка:
– Излупете ги јаболките и исецкајте ги на коцкички. Испрскајте ги со сок од лимон за да не потемнат.
– Во тава на рингла ставете го путерот и почекајте да се растопи. Додадете ги јаболките и стапчето ванила. Динстајте неколку минути и посипете со шеќер. Динстајте уште неколку минути, но внимавајте да не се распаднат јаболките и да се претворат во каша. Ако јаболките пуштат течност, може да додадете на врв на нож нишесте за да се згусне течноста. Готовите јаболки префрлете ги во чинија и оставете ги да се изладат.
– За карамелизирање на оревите, тавата за печење обложете ја со хартија за печење. Во тавата во која ги подготвувавте јаболките сипете шеќер и на средна температура оставете да се растопи. Почекајте да добие кафена боја и додадете ги оревите. Брзо измешајте и сипте ги на хартијата за печење во тавата. Малку со дрвена лажица раширете ја смесата. Кога ќе се излади со нож иситнете ги каремелизираните ореви.
– Подгответе ги чашите во кои ќе го сервирате десертот.
– Мелените бисквити соединете ги со коцките ладен путер, Сесата распоредете ја во чашите.
– Растопете го белото чоколадо и оставете да се излади.
– Во крем сирењето додадете го шеќерот во прав и убаво измешајте.
– Изматете ја слатката павлака и додадете го крем сирењето и полека измешајте.
– На крај додадете го и белото чоколадо и повторно полека измешајте.
– Сипајте Ја смесата во чашите над бисквитите и ставете ги во фрижидер.
– Потоа над филот сипете ги изладените јаболки и посипете со карамелизираните ореви.