СВР Куманово со проекти за заштита од кражби и измамници

Од:

Отсекот за превенција од СВР Куманово во текот на јули и август започна со реализација на два проекти „Повлечи потег, заштити го својот имот од кражби“ и „Заштита од кривични дела измами“, соопштија денеска надлежните од кумановската полиција. Проектите се реализираат со цел заштита на имотот на граѓаните во летниот период.

„Повлечи потег, заштити го својот имот од кражби“ се спроведува во период кога граѓаните се на одмор и опфаќа низа активности, соработка на полицијата со граѓаните за заштита на имотот. Меѓу препораките на полицијата кои се опфатени во овој проект е граѓаните пред заминување на одмор да го заклучат својот дом, да ги чуваат вредните работи на сигурно место, да организираат советодавна група, становите и куќите да бидат добро осветлени, да се инсталираат алармни уреди и безбедносни камери, да не се објавува отсуството од дома преку социјалните мрежи и да се пријави во полиција доколку се сомневаат за нешто.

Вториот проект „Заштита од кривични дела измами“ се однесува на зачестените пријави за измамници кои на граѓаните им продаваат дрва или бараат пари за замена на лажен златен наикт.

– Станува збор за измамници на кои „итно им требаат пари за отстранување на дефект на возило“, за возврат нудејќи огревни дрва по пониска цена откако ќе го поправат дефектот, се наведува во соопштението на СВР Куманово.

Меѓу безбедносните совети кои ги предлага СВР Куманово е граѓаните да внимаваат при купување дрва, односно да се набавуваат од лиценцирани фирми, да не се дава капар на непознати кои се претставуваат како прдавачи на дрва, да се бараат документи, да не се примаат непознати лица во становите, да се внимава кога непознати нудат странска валута, часовници, накит.

Од СВР Куманово, денеска ги потсетија граѓаните на обврските кои ги имаат во врска со носење и употреба на огнено оружје.

– Неовластено држење, изработка, продавање, набавка или размена на оружје, муниција или екпслозивни материи ќе се казни со казна затвор од една до десет години согласно Кривичнито законик. На оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува приотехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните ќе му се изрече глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност согласно, Законот за прекршоци од законот за јавниот ред и мир, стои во денешното соопштение на СВР Куманово.

Оттаму апелираат до граѓаните за почитување на забранатс за употреба на оружје на семејни веселби не поради казната, туку поради последиците по нечие здравје и загуба на животот.

– Оружјето не е за веселба, а куршумите не се честитики не го употребувајте. СВР Куманово ги повикува граѓаните да ги пријават прекршителите на бесплатниот телефонски број 192, на тој начин ќе спречите некој да биде повреден или убиен, а воедно со тоа се заштитувате себеси, стои во соопштението од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски