Министерот Адеми и грчкиот амбасадор Јанакакис на средба за дијаспората

Од:

Моменталните активности поврзани со дијаспората, како и потребата од градење на Национална стратегија за соработка со дијаспората, која треба да претставува патоказ за плодна соработка со дијаспората биле тема на разговор на средбата меѓу министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми со амбасадорот на Република Грција во Република Македонија, Димитрис Јанакакис.

Од владината прес-служба информираат дека дополнително се разговарало и за потенцијална размена на искуства, мислења и позитивни практики поврзани со прашањето на дијаспората помеѓу Република Грција и Република Македонија.

На средбата, уште еднаш била потврдена желбата за добри односи и унапредување на мерките за градење на доверба помеѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните