Плескавици од пилешко месо и тиквички

Од:

Потребно е:
1 средна тиквичка
изрендана кора од 1/2 лимон
1 јајце
1/2 лажиче сол
1/4 лажиче бибер
1/2 кг мелено пилешко или мисиркино месо
1/4 чаша (од 250 мл) лебни трошки
1 главица кромид, ситно сецкан

Подготовка:
– Изрендајте ги тиквичките. Со раце исцедете ги од вишокот течност.

– Изматете ги јајцата, додадете ја изренданата кора од лимон и додадете сол и бибер. Потоа додадете ги тиквичките, меленото пилешко месо, лебните трошки и ситно сецканиот кромид. Убаво измешајте со дрвена лажица или раце.

– Ставете малку масло на грил тавата и загрејте го.

– Направете 4 плескавици, секоја со 2,5 см дебелина. Ставете ги на загреаната грил тава и печете ги 6-8 минути.

– Сервирајте ги во топли лепињи со салата и додатоци по желба.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска