Потребно е:
1 земичка леб
150 мл млеко
бибер
100 гр кромид, ситно сецкан
1 лажица мелен сув зачин
1 пакување смрзнато лиснато тесто (500 гр)
30 гр брашно
500 гр мешано мелено месо (телешко и свинско)
100 гр кашкавал ајдамер (12 листови)
3 јајца
75 гр кечап
100 гр мајонез
Подготовка:
– Земичката исечете ја на мали коцкички, прелијте ги со млеко, измешајте и оставете ги малку да отстојат.
– Во месото додадете ги малку исцедените коцки од земичката, малку бибер, 2 јајца, кромидот и мелениот сув зачин. Убаво со рака замесете додека да се соединат сите состојки.
– Половина од лиснатото тесто тенко развлечете го на набрашнета работна површина. На половина од тестото распоредете половина од листовите кашкавал. Преклопете со празниот дел и повторно развлечете го со големина на тавата во која ќе го печете.
– На едниот крај на развлеченото тесто ставете половина од филот со месо и замотајте го како ролат. Ставете го во тава обложена со хартија за печење.
– Истата постапка повторете ја и со втората половина од тестото, филот и кашкавалот.
– И двата ролати премачкајте ги со разматено јајце и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30-40 минути.
– Кечапот и мајонезот измешајте ги и послужете ги заедно со печениот ролат исечен на парчиња.