Зеленчукова супа

Од:

Бистрата супа е одлично предјадење и особено важна за внесување на потребните хранливи состојки, како и за детоксикација на човековиот организам.

Потребно е:
половина пакетче Балканска мешавина (смрзнат зеленчук)
1 компир
1 мала брокула
1 рака фиде
половина китка магдонос
посна зеленчукова коцка за супа
масло за јадење
сол и црн бибер

Подготовка:
– Во тенеџере на оган ставаме 1 ½ литар вода да зоврие. Во зовриената вода ја додаваме содржината од кесичката Балканска мешавина, компирот исецкан на коцки, фидето, посната зеленчукова коцка за супа, малку црн бибер и сол и малку маслиново масло.

– Вариме 15 минути. Потоа ја додаваме брокулата иситнета на помали парчиња и половина китка магдонос. Вариме уште 5-10 минути.

– Супата ја сервираме топла со парчиња интегрален леб и лимон.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска