Лесли Ман знае дека градите на Меган Фокс се вистински и совршени. Наиме, комичарката на снимањето на новиот филм “This Is 40” мораше да ги допре.
Иако првично се чувствувала непријатно, Ман признала дека ефектите биле фасцинантни.
“Меган има прекрасни гради”, рекла Лесли во интервју за Yahoo! Movies. “Најубави гради што сум ги видела во мојот живот.”
Во филмот “This Is 40” – што е еден вид на продолжување на филмот “Knocked Up”, во режија на нејзиниот сопруг Џад Апату – Ман игра сопственичка на бутикот Деби. Божествената Меган (26) ја игра улогата на работничката Деси, чии гради во розов push-up градник изгледаат премногу добро за Деби да не ги допре.
Во клучната сцена, Лесли ја прашува Меган, “Дали се вистински?”
“Да, јас сум само млада”, одговара ноншалантно Меган.
Лесли, вели дека се чувствувала чудно на снимањето на таа сцена. “Отсекогаш сум се поставувала заштитнички кон младите актери, бидејќи знам колку мене ми беше тешко во Холивуд на нивна возраст. Сакав сцената да ја завршиме што е можно побрзо, бидејќи знаев дека и е непријатно, веројатно – а можеби и не.
Знаев дека на сетот имаше многу мажи со расипани умови и извртени фантазии, па сакав Меган да облече кошула што побргу. ”
Ниту Џад Апату не се осеќаше најпријатно. “Незгодно ми е дури и со делумна голотија на снимањето. Ќе направам еден или два дубла и веќе ми е срам “, вели режисерот.
“Меган е преубава жена, и кога ќе влезе во просторијата буквално ја подигнува температурата.”
Меган, која пред четири месеци се породи, експресно одбива да се соблече пред камерите. “Никогаш не би била сосема гола”, вели таа за E! News.