Данев: СДСМ го спроведува планот да ја направи државата партија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини Владата за партиски чистки и политички прогон на неистомисленици, нивно бркање и смена од работни места со партиски војници.

Како што изјави Драган Данев, СДСМ бесрамно го спроведува планот да ја направи партијата држава, а државата партија.

– Во еден ден сменија 1.500 членови на управни и надзорни одбори и ја парализираа државата. Фондот за здравство се уште не може да носи одлуки за лекување осигуреници во странство поради ваквиот дилетантски однос на антиреформаторската влада. Се бркаат од работна позиција успешни директори на институции само затоа што не одработувале за интересите на Заев и СДС и над нив новиот режим нема контрола, истакна Данев.

Според него, по принципот по кој најавија дека ќе работат – „од чистачка до директор“, ќе може да се вработуваат само луѓе со членска карта на СДСМ која ќе биде втора лична карта во Македонија.

– Покрај партиските војници, се вработуваат и децата на коалициските партнери, комичари, поети и самонаречени експерти кои со години одработувале за СДС и Заев, лажејќи ги сите останати граѓани дека се граѓански коректив на власта. Сите овие вработувања на партиски војници од СДС ќе ги плаќаат граѓаните на Република Македонија со стотици милиони денари од буџетот, рече Данев.

Наместо да се трошат за нови училишта, болници и градинки, стотици милиони денари од Буџетот секоја година, додаде, Заев ќе ги троши за вработување партиски војници и профитери од граѓанскиот сектор.

– Наместо 500 евра плата за сите граѓани, Заев ќе ги плаќа само луѓето на кои им должи услуга и кои со години ги манипулираа граѓаните во негова корист. Народот не е должен да ги плаќа извршителите, војниците и послушниците на Заев кои се дел од планот државата да се претвори во партија, а партијата во држава, заклучи Данев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст