Педесетина интервенции овој месец на кумановските пожарникари

Од:

Кумановските пожарникари од почетокот на месецов дневно интервенираат три до четири пати, гасејќи пожари во околината на Куманово и соседните општини Старо Нагоричане и Липково. Од први јули до денеска, кумановските пожарникари интервенирале 48 пати, од кои 90 проценти се пожари на отворен простор.

– Најчесто гори сува трева, нискостеблеста шума, а во еден случај и борова шума на три до четири хектари, изјави, командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Од почетокот на јули, пожарникарите интервенирале на сообраќајни несреќи.

– Во овој период гасевме пожари и на куќи во урбана средина и на помошни простории во рурална средина, изјави Илиевски.

Бројот на интервенции во овој месец е речиси идентичен споредено со истиот период, минатата година кога во јули кумановските пожарникари гаселе пожари 84 пати.

– Мора да напоменам дека имаме проблеми со движењето по улиците, и покрај вклучени сирени и предност при минување, дел од несовесните возачи не ги пропуштаат возилата на противпожарната единица. Апелирам совесно и човечки да се однесуваат, бидејќи невременото пристигнување значи помала штета, додаде Илиевски.

ТППЕ Куманово располага со осум противпожарни возила и теренски возила и 51 вработен со кои успева да ги покрие потребите на граѓаните од трите општини.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане