Најмалку 24 луѓе загинаа во авганистанскиот главен град Кабул во напад извршен со автомобил бомба.
Во нападот ранети се 42 лица.
Нападот бил извршен во западниот дел од градот во близина на домот на заменикот авганистански премиер Мохамад Мохакик. Цел на нападот бил автобус во кој се превезувале полицијци. Од експлозијата уништени се три возила и 15 продавници.
Засега никој не презеде одговорност за нападот.