СДСМ: Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ вршеше притисоци врз судството

Од:

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го партизираше судството, а преку „Сваровски“ инсталациите од тефтерот на Гордана Јанкулоска, го злоупотребуваше правосудниот систем да врши прогон и да се пресметува со неистомислениците на Никола Груевски и неговите соработници, наведува СДСМ во пишаната реакција на денешната изјава на Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Денес кога раководството на ВМРО-ДПМНЕ се соочува со одговорноста за сето она што им го направи на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ во страв и очај продолжува преку секојдневни прес-конференции пред правосудните институции да врши притисок и да се заканува на судии и обвинители. Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ вршеше притисок врз судиите и нарачауваше судски предмети и пресуди. Реформите во судството кои ќе се спроведуваат согласно најдобрите европски пракси, носат професионално и независно судство и го враќаат угледот на судството што ВМРО-ДПМНЕ го наруши. Македонија ќе биде правна држава, а секој оној кој направил какво било криминално дело ќе понесе одговорност, без разлика на неговата етничка, религиозна, партиска и каква било припадност, стои во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило

(ВИДЕО) Милевски: Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?

Горан Наумовски

Земјоделците оставени без поддршка, СДСМ бара одговорност од Трипуновски

Горан Наумовски