А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со судовите сака да го направи тоа што го направи со СЈО, да ги претвори во партиска алатка

by А1он21/07/2017 - 15:12111
Share0

СДСМ со судовите сака да го направи тоа што го направи со СЈО, да ги претвори во партиска алатка која ќе ја води и помага нивната политика, изјави Зоран Илиоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

– Владата на Заев подготви таканаречен совет за реформи во судството во кој го вклучи Љубомир Фрчкоски. Истиот тој беше министер и еден од најактивните политички функционери што го туркаа срамниот политички реизбор на преку 600 судии за само неколку минути. Во советот на СДС свое место си најде и нивната претседателка на советот за политички систем Маргарита Цаца Николовска, но и Мирјана Најческа и Гордан Калајџиев кои се истакнаа со фрлањето балони со боја и нанесувањето штета на државните институции. Ги вдомија и Наташа Габер Николовска, Беса Арифи и слични ликови кои целиот изминат период глумеа професионални и независни експерти, изјави Илиоски.

СДСМ, продолжи тој, и должи одговор на јавноста зошто меѓу професионалците кои се вклучуваат во советот за реформи ги нема токму луѓето кои се на раководни позиции во најголемите судови, како и претседателот на Врховниот суд.

– Овој Совет ќе го погази начелото за самостојност на судската власт. Се уште јавноста памети како СДС во 1996 година во само една ноќ именуваше со траен мандат над 600 судии во сите судови ширум Македонија. Изборот на вакво тело со ваков состав и генералниот реизбор на судии претставува класичен притисок врз судството со цел да вршат неоснован прогон на што е можно повеќе функционери од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Илиоски.

Судската власт, нагласи тој, е независна од политиката и за тоа придонесоа голем број реформи кои изминатите години се правеа во таа насока со помош на нашите партнери и експерти од Европската Унија.

– Очекуваме Европската Унија да има конзистентен став и да се спротивстави на генерален реизбор на судиите исто како што се спротивставувала во такви случаи во други земји. Дополнителна причина за спречување на едно вакво погубно сценарио кое го подготвува Зоран Заев е да не се погази тоа што досега Европската Унија и Македонија заедно го постигнаа во полето на реформите во целиот правосуден систем и неговата независност и отпорност кон политиката, изјави Илиоски.

dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 13:06

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 11:4307/12/2025 - 17:40

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 10:50

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 12:2901/12/2025 - 12:29

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

Катерина Ѓуровски29/11/2025 - 10:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен