Не сум сторил кривично дело за да имам причина да се плашам. Против мене се води политички прогон и хајка. СЈО нема докази против мене, рече Никола Груевски на отворената седница во Апелација.
Единствениот сведок против мене е Заев, едвај чекам да започне судењето за јавноста да се увери дека сум невин. Сум имал можности да избегам 2 години откако СЈО најави дека ќе ми бидат поднесени обвиненија. Сум патувал и сум се враќал, рече Груевски.
Екс-премиерот, Никола Груевски, од својот лист прочита дека бил водач на најголемата македонска партија и дека граѓаните го гласале и покрај обвиненијата од СЈО.
– Јас се подготвувам да победам на избори, не да бегам. Каде би бегал во овој глобализиран свет, до сега не сум отсуствувал од рочиштата и на секоја покана од судот ќе се јавувам, вели Груевски кој смета дека јавувањето во суд и одземениот пасош се мерки само за гласачите да добијат перцепција дека е виновен.
Адвоктот од СЈО, Бурим Рустеми вели дека мерките не се политички туку однесувањето на Груевски.
– Увидот во списите му се алиби, одбраната на Груевски не вршеше увид, туку разгледуваше записници. Ја опструираа истрагата и рокот на СЈО, вели Рустем.
Виктор Јованов