Дипломат на Венецуела во Обединети нации, Исајас Медина поднесе оставка поради несогласување со претседателот Николас Мадуро.
– Не можам да бидам дел од влада, која системски ги напаѓа демонстрантите, која не ги почитува уставните права, изјави Медина во видео-пораката снимана во Њујорк.
Амбасадорот на Венецуела Рафаел Рамирез ја осуди постапката на Медина истакнувајќи дека дипломатот „нечесно постапил“.
Портпаролот на ОН се уште не го коментира случајот.