Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се појави половина час порано во Апелациониот суд каде ќе ги разгледува жалбите за мерките за претпазливост изречени од Кривичниот суд во предметот „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуралности.
Екс-премиерот ќе го бранат тројца адвокати, Димитар Дангов, Боро Тасевски и Сања Алексиќ. За конкретното обвинение за кое се терети, на Груевски му се заканува казна затвор од најмалку 5 години.
Според постојното решение на Груевски му е одземен пасошот, дипломатскиот пасош и треба секој петок да се јавува во судот.
Специјалното јавно обвинителство бара од Апелација да ја уважи нивната жалба со што би била изречена мерка притвор за Никола Груевски. Обвинители од СЈО се Гаврил Бубеваки и Бурим Рустеми.
Виктор Јованов