Италијанецот Роки ќе го суди Суперкупот во Скопје

Од:

Италијанскиот судија Џанлука Роки е избран да го суди натпреварот од УЕФА Суперкупот, помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед кој што ќе се игра во Скопје на 8. август.

Роки има 43 години и по потекло е од Фиренца, а во Скопје помошници ќе му бидат петте негови сонародници: Ди Либераторе, Тонолини, Маса, Ирати и Ди Фиоре, додека французинот Клемент Турпин ќе биде четврти судија.

Италијанецот е интернационален судија од 2008. година и досега има судено на 72 натпревари од УЕФА. Судеше на девет европски натпревари минатата сезона, вклучувајќи го и четвртфиналето од Лигата на Шампионите помеѓу Лестер и Атлетико Мадрид.

Минатата сезона тој исто така судеше и на полуфиналето во Лигата на Европа помеѓу Ајакс и Лион, а беше четврти судија на финалето во Стокхолм.

Би можело да ве интересира

Недановски: Вардар е подготвен за Суперкупот

Ливерпул го освои Суперкупот на Европа по голема драма и пенали

Четири екипи ќе играат во шпанскиот Суперкуп 2020

Јавното обвинителство се спогодило со петте приведени лица за препродавање билети за Суперкупот

Наум Локоски

Ѓорѓиоски: Скопје и Македонија неколку дена беа центар на светската спортска јавност

Наум Локоски

Реал Мадрид ја одбрани титулата во Суперкупот на УЕФА

Наум Локоски