Во многу филмови и цртани во кои што се претставува иднината, во кујна може да се забележат како роботи ја спремаат храната, а со робото Моли таа фантазија може да стане реалност.
Познатиот кувар Тим Андерсон бил снимен како приготвува специјалитети, а потоа сите негови потези, до најситен детаљ биле програмирани за роботот, кој што тоа совршено го изведува.
Идејата за овој робот настанала уште во 2014. година, кога неколку фирми и пронаоѓачи ги здружиле силите и направиле прототип. Со прототипот тие ја освоиле наградата „Best of the Best“ на Consumer Electronics Show во Шангаи во 2015. година.
Тимот предвидува дека веќе во 2018. година Моли може да започне да се продава на пазарот, а доколку сте заинтересирани, може да бидете запишани во листата за да бидете помеѓу првите кои што ќе може да го набават овој робот.
Роботот рецептите ги превзема од интернет датабазите, а Моли има движења еднакво брзи и прецизни како човек. По приготвувањето на храната, роботот си ја чисти и работната површина.
Моли има роботски раце кои што се собираат кога не се во употреба, а ќе може да се контролира преку тачскрин или преку апликација на вашиот паметен телефон.