Авионската бомба во Штип в недела ќе се уништи на лице место

Од:

Авионската бомба која пред речиси еден месец беше пронајдена во Индустриската зона во Штип при изведување на градежни работи за изградба на новиот погон на штипската фабрика „Актива“ сепак ќе се уништува на лице место в недела.

Заменик директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Екрем Зендели за МИА вели дека одлуката е донесена вчера по заедничкиот состанок на кој присуствуваа и стручни лица од АРМ и Министерството за внатрешни работи.

– Не можам да преземам одговорност за човечки жртви, бидејќи стручните тимови од трите институции укажаа дека не можат да гарантираат за безбедноста на луѓето кои би ја дислоцирале бомбата и би ја транспортирале на место каде што би се уништила, изјави Зендели.

Тој истакна дека уништувањето на бомбата која е тешка 130 килограми, долга над еден метар и во која има 70 килограми експлозив ќе се уништи со современа метода, при што нема да предизвика штети или поголем потрес. Еден ден пред да се уништи бомбата Министерството за внатрешни работи треба да ги извести граѓаните кои живеат во блиските населби да не бидат во своите домови, а исто така недела е и неработен ден, кога и сите штипски фабрики и фирми кои се во непосредна близина не работат со што во фабричките хали ќе нема работници.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово