Спречен обид за криумчарење марихуана на излез од Македонија кон Србија

Од:

Полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Север вчера на граничниот премин Табановце спречиле обид за криумчарење марихуана на излез од Македонија кон Србија.

Како што соопшти полицијата, во 22 часот на „Табановце“ дошле М.С. (30) и К.Г. (31) со патничко возило „Опел Астра“, двајцата од Скопје. По граничните проверки, биле повикани на дополнителна контрола при чие спроведување, под задните тапацири во возилото, е пронајдена марихуана во 25 пакувања од по околу 12,5 килограми.

Лицата се приведени и предадени на инспектори од МВР при СВР Куманово за натамошна постапка, а од страна на крим-техника е извршен увид и документирање на настанот.

Би можело да ве интересира

Во Србија фатен бугарски државјанин со над три килограми дрога

А1он

Медведев: Приказната за дрогата е изговор, вистинската цел е венецуелската нафта

Податоците од САД ги побиваат тврдењата на Трамп: Кокаинот во САД не доаѓа од Венецуела

Мадуро: Време е за разговори со САД за борба против дрогата

Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

А1он

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје