Заклучно со 31 мај 2017 година, државата должи вкупно 22 милијарди денари. Само во културата државата должи 2,4 милијарди денари за изградбата на Филхармонија и Драмскиот театар, рече министерот за финансии Драган Тевдовски.
Како што кажа Тевдовски овие бројки не влегуваат во вкупниот јавен долг на државата, туку станува збор за преземени неплатени обврски.
Според министерот за финансии најголем должник од општините е Охрид. Покрај општините, како должници се јавуваат и јавните претпријатија.
Тевдовски информираше дека неплатени обврски има и во Образованието, конкретно за комуналии за студентските домови, набавки на хигиенски средства и постелнини.
Се бараат пари за да се дополнат овие финансиски дупки, вели Тевдовски.
Тој истакна дека „Македонија Пат“ има неплатени обврски кон УЈП… Од Јавните претпријатија најмногу должи „Македонски железници Транспорт“ – 2,4 милиони денари, а од Јавните здравствени установи најмногу должи Институтот за трансфузиона медицина – 283 милиони денари.
Виктор Јованов