Добредојде бебе – нов проект на Министерството за здравство

Од:

Министерството за здравство, во соработка со МојТермин, Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда-Управа за водење матични книги, воведува новина, со која на родителите, на доброволна основа им се олеснува постапката за вадење извод на матична книга на родени. Со оваа новина, родителите нема веќе да чекаат на шалтери, туку изводот на матични книги ќе го добијат во рок од 48 часа, за време на престојот во породилиштето.

Проектот „Добредојде бебе“ веќе стартува од понеделник (24 јули) и оваа услуга ќе биде достапна во породилиштата во Скопје, додека од 1 септември – услугата ќе биде достапна во сите 18 породилишта во Македонија.

Во првите осум часа од раѓањето на детето, со важечки документ за лична идентификација, родителите треба да потпишат изјава за согласност за обработување на личните податоци. Двајцата родители треба да бидат присутни пред потпишување на обрасците, а претходно треба да бидат договорени личното име на детето и живеалиштето.

Процедурата ќе се одвива на тој начин што овластениот здравствен работник ќе се најави во интегрираниот здравствен информатички систем МојТермин и ќе пополни пријава за индивидуална евиденција за породување, по што следи печатење на обрасците, кои ги потпишуваат родителите по проверка на точноста на податоците и овластеното лице понатаму ги доставува податоците до надлежните институции.

Со овој процес, родителите во рок од 48 часа ќе го добијат изводот, но доколку мајката замине од болница порано од предвидените 48 часа, тогаш родителите имаат можност да го подигнат изводот од родилиштето.

– Добредојде бебе е една од првите новини на системот МојТермин, кој постепено ќе се надградува со нови содржини, со цел да се олеснат и забрзаат постојните процеси, а со тоа да се олесни комуникацијата меѓу докторите и пациентите. Се надеваме дека со оваа новина ќе им помогнеме на новите родители да уживаат во моментите на новороденчето, место да чекаат по шалтери, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните