СДСМ: Луксузирањето со државни пари е најголемиот резултат на Костадиновски

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствениот резултат од работата на Ванчо Костадиновски и ВМРО-ДПМНЕ во земјоделството се понижени и уценети земјоделци и потрошени илјадници евра пари на граѓаните за плаќање скапи ручеци, спа третмани и хотелски ноќевања. ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулираше со земјоделците, а субвнециите и другите мерки за помош ги злоупотребуваше за да врши притисок, поткуп и уцени врз вистинските земјоделци. Денес, како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ преку партиски контролирани кадри продолжува да манипулира и очајнички се обидува да профитира на маката на земјоделците.

Владата предовдена од СДСМ активно работи на надминување на проблемите, преку мерки што ќе ја стабилизираат цената на лубениците, и ќе ги санираат штетите на производителите на бостан. Проблемот со откупот на лубеници, како и другите напластени проблеми, се решава интензивно и во содејство со земјоделците и со откупувачите. Покрај дополнителните субвенции од 2 денари за секој продаден килограм, договорен е и поголем откуп на лубеници кој веќе се остварува.

Владата предводена од СДСМ продолжува со воспоставената пракса за сеопфатна грижа за сите категории граѓани и решавање на сите проблеми кои се последица од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он