ВМРО-ДПМНЕ: Изградбата на автопатот Демир Капија-Смоквица се кочи од банални причини

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица во моментов се кочи поради банални причини.

Павлинче Честојнова во изјава за медиумите рече дека министерот за транспорт и врски Горан Сугарески не е заинтересиран да го заврши целосно автопатот кој може да биде завршен за два дена и оти едната од причините е дислокација на електричен столб, а втората е одобрение за градба на диспечерски центар на страната на Неготино.

– Уште на 23 мај при последниот увид на градежните активности беше истакнато дека остануваат да се довршат уште дислокацијата на далноводот и електрификацијата, а сега актуелниот министер од СДС поради својата незаинтересираност и неспособност не може или не сака да ги реши овие 2 банални проблеми за да се пушти во употреба автопатот во текот на летната сезона на одмори, рече Честојнова.

Смета дека СДС очигледно не само што нема намера да реализира нови проекти, туку нема намера и заинтересираност да ги доврши постојните проекти кои веќе се пред финална фаза.

– Деструкцијата и неспособноста на СДС, рече, ги гледаме на дело. Министер што не може да дислоцира еден електричен столб и да даде едно одобрение за градба, не заслужува и нема капацитет да води цело министерство.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

(ВИДЕО) Стојчевски: Лефков е симбол на сѐ погрешно во ВМРО-ДПМНЕ, сее лаги, а молчи за Кочани

Горан Наумовски

Шукова: Ние ќе воведеме ред, ќе ги засилиме инспекциските контроли и ќе обезбедиме одговорно одржување на јавниот простор

Горан Наумовски

СДСМ: Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината, ова не е статистика

Горан Наумовски

Мицкоски сака обвинител под негова контрола, затоа се крие зад Левица, велат од СДСМ