А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Виктор Јованов
Македонија

(ВИДЕО) Зафировска: Целата постапка за уривање на „Космос“ е законски спроведена

by Виктор Јованов19/07/2017 - 14:05382
Share0

Марика Зафировска, вработена во Општина Гази Баба, обвинета во предметот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство за уривање на објектот „Космос“ пред Апелација побара пасошот да и биде вратен. Според нејзините адвокати, не може поради тоа што не се јавувала во СЈО да биде околност дека може да се даде во бегство.

Добивај вести на вибер

Адвокатот на обвинетата, Димитар Дангов, рече дека Судот ги ценел генерално мерките за претпазливост за сите обвинети од СЈО.

Стевчо Донев, обвинител од СЈО, рече дека ќе остане на барањето на Зафировска да ѝ биде одземен пасошот бидејќи се зема предвид опасноста од бегство и висината на казната.

На ова, Зафировска рече дека првпат е на суд и дека нема намера да бега.

-Целата постапка за уривањето на „Космос“ е законски спроведена. Три години сум пред пензија. Не мислам да бегам. Работам 36 години, а 10 години учествувам во комисии за јавни набавки кои одлучуваат за вакви предмети, рече Зафировска.

Зафировска е шестообвинета во предметот „ТНТ“, во кој како што тврди СЈО, незаконски се реализирала преку општина Гази Баба рушење на објектот Космос во сопственост на бизнисменот Фијат Цаноски, а причината била политичка одмазда бидејќи Цаноски, како претседател на Партијата за европска иднина (ПЕИ), ја напуштил коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Првоосомничена во случајот е градежната инспекторка од општина Гази Баба, а освен неа, СЈО сомничи уште три лица од Комисијата за јавни набавки на општината меѓу кои и Зафировска.

Обвинети во „ТНТ“ се и Никола Груевски, Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба – Тони Трајковски.

Претходно во Апелациониот суд беше разгледана жалбата на Трајковски, кому му е одземен пасошот.

Виктор Јованов

apelacijasjo

Би можело да ве интересира

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:37

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он20/01/2026 - 16:3620/01/2026 - 16:42

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он20/01/2026 - 15:18

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он24/12/2025 - 16:2924/12/2025 - 17:34

Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета – казната затвор не е само бројка, туку став

А1он06/10/2025 - 17:2006/10/2025 - 17:32

Претседателот на Кривичен суд Џолев избран за судија во Апелација

Катерина Ѓуровски26/05/2025 - 13:3726/05/2025 - 13:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен