„Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот инцидент во општина Чаир, при кој новинарска екипа на ТВ Шења била изложена на закани од страна на лица кои тврделе дека се симаптизери на политичка партија.
Суштината на новинарската професија е да обебзеди јавноста да биде информирана за сите прашања и отаму, новинарите не смеат да бидат пропречувани при известувањето за кој било проблем дез оглед дали тој ги засега сите граѓани или населението на некоја локална заедница.
Како и многупати досега, апелираме да се почитува достоинството на медиумските работници и да се овозможат услови за професионална работа на медиумите“, се вели во соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.