24-тиот интернационален адвертајзинг фестивал Golden Drum, оваа година се одржува од 18-20 Октомври 2017, овој пат во Гранд Хотел Унион во Љубљана, Словенија.
„Остави белег” е новиот слоган на Golden Drum, кој што ќе го води фестивалот во оваа и наредните години. Фестивалот е создаден да инспирира. Не инспирира со прекрасните трудови на најдобрите креативци во светот, инспирирајќи вистински пријателства и вечни врски.
Golden Drum е повеќе од меѓународен натпревар на креативноста и секако многу повеќе од неговите легендарни забави инаградни церемонии. Посетителите на фестивалот имаат можност да се дел одшироката палета на едукативни содржини од врвни предавачи, бројни можности за контакти и дружења, како и традиционално легендарните забави.
Golden Drum годишно е домаќин на повеќе од 1.000 делегати, од кои многумина се водечки трендсетери и опинион лидери од повеќе од 40 земји. Конкуренцијата во програмата еи повеќе од 1.200 креативни решенија, кои што се оценуваат од двe жирија од 22 члена, составени од најголемите експерти во полето на адвертајзингот.
За првпат оваа година имаме и два претставника во жирито од Македонија, Душан Дракалски и Василије Чорлука. Ова само го потврдува големото реноме и почита на фестивалот кон креативците и трудовите од Македонија.
„Навистина е голема чест, ама и одговорност да сте дел од Golden Drum кoј е еден од најголемите рекламни фестивали. Секоја година е се позначајно нашето присуство, а оваа година со дури два претставника во жирито – вели Андреј Павловски од агенцијата АВАДДБ, долгогодишен почесен амбасадор на Голден Друм одговорен за Македонија.
„Оваа година програмата е навистина богата и изворедна, доволно е само името на Мајкл Конрад кој е поранешен светски креативен директор во Leo Burnett и кој ќе има свое предавање, па да стане јасно за големината и квалитетот на фестивалот.
Затоа (раното пријавување трае до 31 Јули) ги повикувам сите кои сакаат да се дел од фестивалот, да го сторат тоа на сајтот www.goldendrum.com. Секако и оваа година имаме натпревар за млади креативци, со главна награда од 3.000 евра. Навистина има уште многу настани, сите додатни информации ги има на сајтот на golden drum, очекувам да се видиме сите во Љубљана во октомври!“