Заев: Законот за јазици ќе биде донесен пред локалните избори

Од:

Владата ќе го донесе законот за јазиците пред локалните избори и со тоа нема да ги изгуби гласовите на граѓаните ниту од македонската, ниту од албанската етничка заедница, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Една работа е сигурна. Владата ќе го донесе законот пред локалните избори, а ако бидеме подготвени ќе биде усвоен и во Парламентот. Само следете не, ќе видите како ќе растат гласовите и на Македонците и на Албанците и на Турците и на Србите,… кон оваа владејачка коалиција, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања пред деловниот појадок со Сојузот на стопанските комори.

Според него, народот сака решавање на проблемите.

– Никој не губи ништо, секој има право на еднаквост во нашето општество и да ја чувствува Македонија како своја, потенцира премиерот.

Законот за јазиците, рече Заев, веќе се подготвува во Министерството за правда и многу брзо се очекува да биде доставен до Владата од каде потоа ќе се процесуира до Венецијанската комисија и Парламентот.

Би можело да ве интересира

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи